Книги
Ако ја читате оваа страница тогаш можеби ве интересира нешто повеќе за книгите што ги имам напишано и преведено.
2026 - Циркус / Circus во издание на Светулка (НУБ). Книга за деца, 9-10 години.
„Циркус“ е сликовница за деца и нивните родители. Таа раскажува за тоа како се справуваме со различното, поединечно и колективно, и што можеме да научиме од другите кои што не се како нас. Приказната ја слика тешкотијата со која возрасните се справуваат со нови и неочекувани работи, додека децата се секогаш спремни и отворени за новото. Денес кога нетрпеливоста и недовербата се широко распространети, оваа книга може да пренесе порака за меѓусебно разбирање.
2023 - Сонливата месечина / Sonlivata mesecina во издание на Светулка (НУБ). Рецензии за книгата се објавени од Весна Мојсова - Чепишевска и Иван Антоновски.
2014 - Многудетна / Mnogudetna во издание на PMG Recordings (НУБ). Делови од книгата се објавени на ОКНО.
2012 - За серењето / On Bullshit превод на есејот на Хери Г. Франкфурт од 1986, објавен во книга во 2005, кој што сѐ уште чека објавување во печат.
Мојот профил на Goodreads.