Денеска сосема случајно најдов две кратки рецензии за мојата книга „Сонливата месечина“.
Иако објавени уште во април, овие рецензии се за мене нови. Па сега, пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на Весна Мојсова - Чепишевска и Иван Антоновски за вниманието што ѝ го посветиле на книгата и убавите зборови што ги напишале за неа.
„Сонливата месечина“, меѓу другото, е и за сонувањето. И чудесно е што можам да кажам дека мојот сон за пишување се остварил. Благодарност за тоа, пак, морам да упатам до двата издавачи. Иванка и Мирко ви благодарам.