Додека чекаме да видиме како поширокото ѓраѓанство ќе реагира на пожарот во Кочани, неколку поенти ми стануваат очигледни.
Настанов ќе биде повод втора или трета македонска генерација да учи за тоа што е политика и како функционира системот преку протестирање. За многумина тоа ќе биде премногу, а за други многу корисна лекција.
Ова оди подрака со неуспехот на образовниот систем да понуди рамка за учење на овие теми што пак е во директен интерес на политичките партии.
Политичките партии, исто така, многу вешто и многу брзо ги заземаат просторите на интернет каде што може да конвергираат младите луѓе и се обидуваат да ги насочуваат дискусиите и гневот. Воедно тоа многу повешто и поажурно го прават партиите од десницата.
Конечно, македонската политичка елита, па и повеќе, општествена елита по сѐ изгледа се состои од психопати: луѓе кои немаат емпатија или жалење, и кои се маскираат со површен шарм (Википедија).
Ова, бидејќи, и после неколку големи трагедии кои го погодуваат нашето мало општество, а кои се резултат на распростраентата корупција и клиентелизам, ниту еден не поднесе оставка просто со образложение дека не сака повеќе да учестува во системот кој што ги произведува овие кризи.