Циркус

Нова книга со илиустрации од Иванка Ниба во издание на Светулка
книга
лично
деца
book
personal
children
Author

novica

Published

April 18, 2026

Илустрација од книгата

Уште една моја книга го гледа светлото на денот и се радувам што можам да споделам ваква вест.

Циркус“ е приказна што можеби поставува повеќе прашања, одошто што дава одговори. Се надевам дека тоа ќе биде интересно за публиката составена од деца и возрасни. Илустрациите се од Иванка Ниба, а книгата е во издание на Светулка.

Насловна страница на книгата

Книгата ќе може да се купи на саемот на книгата во Скопје, кој ќе се одржи од 23 до 29 април. Исто така, ќе биде достапна и во книжарниците по саемот.